fbpx

„Ровер“: Бошкоски доби десет и половина години затвор и им заврти грб на судиите

-

Судскиот совет денеска ги соопшти пресудите во повторениот судски процес за случaјот „Ровер“, во кој на десетмина обвинети, меѓу нив и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, им се судеше за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев од 2001 година.

Како непосредни извршители на убиството, судот на доживотна казна затвор ги осуди српските државјани Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. На четворицата пресудата им е изречена во отсуство бидејќи се во бегство и не им се достапни на органите на прогонот, пренесува порталот „А1 он“.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, е осуден на десет и пол години затвор, Зоран Трајковски на осум и пол години, Ивица Ристиќ на седум, а Никола Негриевски – на затворска казна од пет и пол години.

Како што пренесува порталот, обвинетите ја примиле пресудата со аплауз, а Љубе Бошкоски бил свртен со грб кон судиите.

Првичната пресуда за случајот „Ровер“ беше укината од Апелацискиот суд, кој одлучи предметот да биде вратен на повторно судење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...