fbpx

Најмалото бебе родено на скопските клиники е со тежина од 670 грама

-

Најмалото бебе на одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести, кое било третирано со комплетно излекување и кое има комплетно уреден психомоторен развој, е родено во 25-26 гестациска недела, со тежина од 670 грама и долго 32 сантиметри, соопшти денеска Клиниката за детски болести по повод 17 ноември – Светскиот ден на прематуритетот.
– Ако во 2013 година, просечно, на месечно ниво, на одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести биле згрижени три до четири предвремено родени бебиња, во 2014 година бројот е зголемен за некаде 50 отсто и сега во просек има шест до седум бебиња месечно. Од овој број на предвремено родени, 45 проценти се бебиња родени 32-37 гестациска недела (ГН), 25 отсто се 28-32 ГН, 20 проценти се 26-28 ГН, 8 проценти 24-26 ГН, и само 2 отсто се деца родени под 24. недела – соопштуваат од Клиниката.

Во последните години постои светски тренд на пораст на бројот на предвремено родени деца, кој е последица на современиот начин на живот, поместувањето на старосната граница кај мајките и тоа што е сè поголем бројот на прворотки постари од 35 години, како и на примената на оплодувањето „ин витро“, кое често резултира со близначка бременост која сама по себе е многу ризична и голем дел од овие бебиња се прематурни.

И во земјава постои тренд на зголемување на бројот на хоспитализирани предвремено родени бебиња, како и поместување на старосната граница и денес има сè повеќе бебиња родени во 24. гестациска недела.

– Групата на предвремено родени деца се највулнерабилната група на пациенти на одделите за интензивна нега и терапија, пред кои се наидува на најголеми предизвици не само во насока на спасување на нивниот живот, туку и овозможување на квалитетен и нормален живот. Во последнава година и пол, со воведувањето на новите методи, особено воведувањето на неинвазивната (нежна) вентилација „Bubble CPAP“, одделот може да се пофали со поголемо преживување, особено во групите 26-28 недела. Овој метод е замена за механичката вентилација во ситуации кога состојбата на бебето тоа го дозволува. Со овој неинвазивен пристап, се намалуваат инфекциите, како и одредени состојби предизвикани од интубирањето и од механичката вентилација. Иако методот „Bubble CPAP“ во светските неонатолошки центри се употребува многу години, во нашава земја ние сме единствена институција која го користи и резултатите се видливи дури и за овој краток период – вели д-р Аспазија Софијанова, директорка на детската клиника.

За спречување на предвременото раѓање, но и заради обезбедување добра основа и кондиција на плодот ако дојде до предвремено раѓање, неопходно е добро гинеколошко-акушерско водење на трудниците, бидејќи на тој начин се зголемуваат шансите на тоа дете не само за преживување, туку и за развивање во здрава индивидуа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...