fbpx

Роналдо осомничен за затајување данок

-

Шпанското обвинителство денеска соопшти дека поднело тужба против Кристијано Роналдо затоа што во периодот од 2011 до 2014 година ја оштетил државата за 14,7 милиони евра поради неплатен данок.

Португалецот, наводно, свесно ја користел „деловната структура“ креирана во 2010 година за да го прикрие својот приход во Шпанија од правата за своите фотографии.

За слична ситуација минатиот месец осуден беше Лионел Меси, откако тој и неговиот татко беа обвинети дека затаиле данок од 4,1 милиони евра во периодот од 2007 до 2009 година.

Ѕвездата на Барселона е осудена на 21 месец затвор, но казната не ја отслужува затоа што според шпанскиот закон, казните за слични прекршоци, кои се под две години, може да се заменат со условни казни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...