fbpx

ПССЕ избира судија од Македонија за Европскиот суд за човекови права

-

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска ќе се гласа за избор на судија од Македонија за Европскиот суд за човекови права.

Парламентарците од 47 земји-членки на Советот на Европа, попладнево ќе треба да изберат меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звоимир Јанкуловски.

Претходно Комисијата за избор на судии при ПССЕ, ги разгледа кандидатурите и имаше разговори со кандидатите од Република Македонија, по што до другите членови на ПССЕ, со тесно мнозинство гласови, предност ѝ даде на Наташа Габер-Дамјановска. Звонимир Јанкуловски, не доби препорака од Комисијата на ПССЕ.

Гласањето ќе се одржи околу 17 часот, а судијата кој ќе седне во Европскиот суд за човекови права треба да биде избран со апсолутно мнозинство. Доколку ниту еден од кандидатите не добие апсолутно мнозинство, вториот круг од гласањето ќе се одржи утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...