fbpx

Променливо облачно со врнежи од снег

-

Времето денеска е променливо облачно со интензивни врнежи од снег. До крајот на денот нè очекува претежно облачно и студено време, со повремени врнежи од дожд, особено во западните и во јужните делови од земјава, а во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и од снег.

Температурата ќе се движи од минимални минус 6 Целзиусови степени до максимални 5 степени.

Во Скопје се очекува слично време со врнежи од снег во текот на целиот ден. Највисоката дневна температура ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.

Утрово најниска температура беше измерена во Маврово, минус 8 Целзиусови степени, минус 5 беа измерени во Крушево, а во Лазарополе и во Берово минус 4 степени.

Највисока снежна покривка има во Лазарополе, 71 сантиметар, 64 сантиметри е висока снежната покривка во Маврово, а 41 сантиметар во Пожаране.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест е...