fbpx

Повеќе од 200 градоначалници од Каталонија протестираа во Брисел

-

Околу 200 каталонски градоначалници денеска се собраа во Брисел за да му изразат поддршка на сменетиот претседател на овој шпански регион, Карлес Пучдемон, додека Мадрид бара негова екстрадиција.

Собирот на градоначалниците се одржа во таканаречениот европски кварт на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, а во близина се собраа и стотина приврзаници за единствена Шпанија, кои носеа транспаренти на кои беше испишано „Не за каталонската независност“.

Осум сменети членови на каталонската влада се во затвор во Шпанија, еден е пушен со кауција, додека Пучдемон се подготвува да учествува на вонредните избори за каталонскиот парламент, кои Мадрид ги распиша за 21 декември.

– Бараме од Европа и молиме да нè сослуша, ние се чувствуваме како Европејци и тука сме во срцето на Европа за тоа да го кажеме – рече градоначалничката на Англес, Астрид Десед.

Пучдемон и четворица доскорешни каталонски министри доброволно им се предадоа на белгиските власти во неделата, а вчера беа пуштени на условна слобода. Тие не смеат да ја напуштаа Белгија и мора да останат на адресите на кои пријавиле дека престојуваат, но и да одговараат на сите судски и полициски повици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...