fbpx

Поднесено обвинение против полицаец кој нудел поткуп на сведок на Јанева

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција поднело обвинение против вработен во Министерството за внатрешни работи, осомничен дека му нудел поткуп на лице за да се појави како сведок пред суд и да даде одреден исказ, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Тој, според Обвинителството, се товари за кривично дело незаконито влијание на сведоци.

Кривичната пријава против полицаецот, поднесена од Министерството за внатрешни работи, е една од седумте пријави поднесени деновиве, од кои три беа против обвинители од Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

„По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги презеде сите потребни дејства за утврдување на фактите во предметот. Притоа е утврдено дека постои основан сомнеж дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека нудел поткуп на едно лице, а за да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока“, стои во соопштението од Обвинителството.

Обвинението денеска било поднесено до Основниот суд Скопје 1.

„Денеска надлежниот обвинител, по завршување на постапка и целосно расветлување на настанот, до надлежниот Основен суд Скопје 1 поднесе обвинителен предлог против обвинетиот за сторено кривично дело незаконито влијание врз сведоци од член 368-а, став 1 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...