fbpx
Таг: организиран криминал

таг: организиран криминал

Порталб: ОБСЕ следи 24 судски случаи на висока корупција, вклучително и поранешни случаи на СЈО

Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да ги следи судските постапки на предмети на организиран криминал и корупција од средно и високо ниво, во рамки на заедничкиот проект со Европската Унија „Поддршка за поефикасно спроведување на правдата во случаите на корупција и организиран криминал во Северна Македонија преку мониторинг на судењата“, пренесува Порталб.мк. „Мониторингот започна во јули 2021 година и...

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја побара документацијата за модуларните болници

Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека по пожарот во модуларната болница во Тетово тие отвориле предмет по допрен глас за да ги проверат јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници во државата. „За таа цел, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана...

Стеван Дојчиновиќ, основачот на КРИК вратен од ОАЕ – требало да учествува на конференција на ОН за корупцијата

Стеван Дојчиновиќ, уредник и основач на Мрежата за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК) и регионален уредник на Известувачкиот проект за организиран криминал и корупција (OCCRP) синоќа и ноќеска бил задржан во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), под изговор дека е на „меѓународна црна листа“ и дека не може да влезе во земјата, но не му било соопштено ништо повеќе...

Побаран притвор за Стевчо Јакимовски и уште двајца за бесправни легализации

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) до судија на претходна постапка од Кривичен суд - Скопје побарало притвор за тројца од утрово приведените. Од соопштението од Обвинителството, сепак се дознава дека притвор е побаран и од поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше приведен. Тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба и овластување,...

Костадинов: Обвинителство да провери како Мицкоски добил 33.000 квадрати земјиште за хидроцентрала

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска го повика јавното обвинителство по допрен глас да ги провери сомневањата за организиран криминал и судир на интереси во случајот со доделување 33.000 квадратни метри земјиште за хидроцентрала на фирма во која сопственик е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Земјиштето е доделено во време кога Мицкоски му бил советник на поранешниот премиер Никола...

МВР врши истрага за директорувањето на Дејан Пројковски во МНТ

Одделението за борба против организиран криминал од МВР по налог на Јавното обвинителство од минатата седмица вршат истрага во Македонски народен театар (МНТ), поради сомнение за злоупотреби направени во периодот од 2015 до 2017 година, кога директор бил Дејан Пројковски. Минатата седмица инспекторите одзеле документи од правната служба. Според информациите, Пројковски се товари за злоупотреба на службената положба со сомнителна набавка...

Жбогар: Загубеното време да се надомести со поголема посветеност на реформите

Загубеното време треба да се надомести преку посилна посветеност на владата и на јавната администрација на тековните реформи и со посилна вклученост на граѓаните во реформите. Секој има одговорност за напредокот на земјата, вели шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар. Евроамбасадорот во врска со усвојувањето на Акциската програма на Европската комисија за Македонија за 2017 година и...

Обвинителство: Приведени 24 лица поради незаконско доделување земјиште и субвенции

Вкупно 24 лица од  Скопје, Тетово, Гевгелија и од Валандово се приведени денеска во акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведена со МВР. Приведените се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување во врска со доделување државно земјиште и субвенции, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија. Надлежен јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна...

Регионалната полициска соработка е клучна во борбата против организираниот криминал

Министрите за внатрешни работи на Србија, Црна Гора и на Македонија, денеска во Белград оценија дека регионалната полициска соработка е клучна во борбата против сите видови организиран криминал. Министрите Небојша Стафановиќ, Горан Даниловиќ и Оливер Спасовски на конференцијата насловена „Регионална процена на закани од тежок и организиран криминал (СОКТА)“, изразија подготвеност за унапредување на сите видови полициска соработка. Тие оценија...

Советот на јавни обвинители ќе каже дали СЈО е надлежно за случајот на Зоран Божиновски

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција чека насоки од Советот на јавни обвинители за предметот во кој обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена е Зоран Божиновски, а е дел од случајот „Шпион“, информираат од службата за односи со јавноста на јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја почитува претходно донесената одлука на...

Заниери: Жичените огради и затворените граници нема да ја решат бегалската криза

„Кревањето ѕидови и огради не е решение ниту за бегалскиот проблем ниту за кој било друг. На Европа и на Балканот им е потребна поголема соработка и заедничка развојна стратегија за подобро справување со бегалската криза“, порача генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниери, од Атина, говорејќи за безбедносните предизвици од бегалската криза на конференцијата „Миграција, бегалци и европска безбедност“, организирана...

СЈО се жали против решението да не ги добие доказите од Судот

Специјалното јавно обвинителство денеска преку соопштение информираше дека поднело жалба против решението на Основниот суд Скопје 1 со кое е одбиено барањето на СЈО да му бидат предадени копии на списи и електронски докази. „Во жалбата укажуваме дека со обжаленото решение првенствено е направена суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка (ЗКП), во смисла што решението надвор од главната...

Поднесено обвинение против полицаец кој нудел поткуп на сведок на Јанева

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција поднело обвинение против вработен во Министерството за внатрешни работи, осомничен дека му нудел поткуп на лице за да се појави како сведок пред суд и да даде одреден исказ, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тој, според Обвинителството, се товари за кривично дело незаконито влијание на сведоци. Кривичната пријава против полицаецот, поднесена од Министерството...

СДСМ поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник Илија Србиновски

Денеска до јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник Илија Србиновски. Кривичната пријава е за злоупотреба на службена положба и овластување на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен раководител на подрачната единица на министерството во Битола. - Денеска поднесов кривична пријава, а во прилог ги...

Бизнисмени, адвокати и судија осомничени за организиран криминал

Одделот за организиран и за сериозен криминал на МВР, во вторникот минатата недела до надлежното јавно обвинителство поднел кривична пријава против осум лица, македонски и странски државјани, осомничени како членови на организирана криминална група, а се товарат за повеќекратна злоупотреба на службена положба и овластување, за перење пари и други приноси од казниво дело и за помагање, соопшти МВР. Како што...

МВР идентификува и уапси 18 годишник кој фрли молотов коктел кон Собранието

Во текот на вчерашното деноноќие лишено е од слобода и лицето кое на 05.07.2022 фрли молотов коктел кон зградата на Собранието, соопшти МВР. Како што додаваат, станува збор за...