fbpx

Одложено рочиштето за „Маѓар телеком“, на обвинетите ќе им се суди во отсуство

-

Денеска повторно се одложи рочиштето за случајот „Маѓар телеком“, во кој обвинети се тројцата поранешни директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус. Како што известија од судот, на минатото рочиште била донесена одлука на обвинетите да им се суди во отсуство.

Адвокатот Ненад Јаниќевиќ рече дека добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува на судењето, поради што побара одложување на денешното рочиште за да може да изврши увид во списите од предметот.

Станува збор за случај за кој е почната истрага во 2008 година, а обвинение е поведено во 2011 година.

На тројцата обвинети им се суди за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот познат во јавноста како „Маѓар телеком“ стана повторно актуелен откако Специјалното јавно обвинителство ги побара двата предмети, од кои едниот е веќе во судска постапка, а другиот е во истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...