fbpx

Облачно време, попладне пороен дожд и грмежи

-

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје се очекува слично време, умерено облачно, а попладне нестабилно, со локален пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, променливото и облачно време, со локален пороен дожд и со грмежи, ќе се задржи до понеделник. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...