fbpx

Никола Груевски пристигна на распит во Кривичниот суд за случајот „ТНТ“

-

Поранешиот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пристигна на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Груевски е осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во судот пристигнал со своите адвокати и со портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

Околу судот, како што јавува порталот „Нова ТВ“, има засилено полициско обезбедување и лица од МВР во цивил.

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека од судот бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на Груевски, на поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...