fbpx

Повеќе од 330.000 Грци се иселиле од државата поради финансиската криза

-

Германија, Велика Британија, Кипар и Австралија се местата што ги одбрале илјадниците Грци кои се иселиле од државата во екот на финансиската криза. Според податоците на Генералниот секретаријат на грчкото Министерство за надворешни работи, околу 330.000 грчки државјани се иселиле од земјата во периодот од 2010 до 2015 година, барајќи подобри услови за живот.

Бројката е значително помала од онаа на грчката Народна банка, според која, последните пет години од државата заминале 427.000 луѓе. Меѓутоа, како што се објаснува во извештајот на секретаријатот на грчкото МНР, бројките доаѓаат само од Грците кои се регистрирале во грчките дипломатски претставништва во странство, процедура која не е обврзувачка, поради што не е исклучено бројката да е поголема.

Најголем број од Грците што ја напуштиле матичната земја поради кризата, заминале во Германија, околу 157.000, во периодот од 2010 до 2015 година. Најголем број од нив, повеќе од 100.000 лица, се на возраст од 25 до 50 години, околу 21.000 се малолетници, 19.000 се на возраст од 18 до 25 години, а повеќе од 13.000 лица се на возраст од 50 до 65 години.

Во Британија речиси 52.000 Грци добиле даночен број, кој е неопходен за вработување во државата. Нешто повеќе од половина од таа бројка се на возраст од 18 до 44 години, а другите се на возраст од 45 до 59 години.

Кипар, кој на почетокот на грчката криза сè уште нудеше добри можности за работа и за заработка, беше поволна опција поради сличностите во јазикот и е дом на речиси 32.000 Грци кои стекнале официјална дозвола за работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...