fbpx

На полноќ истекува рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори

-

Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатски листи за претстојните локални избори закажани на 15 октомври.

Кандидатските листи се доставуваат до општински изборни комисии, кои во рок од 48 часа од приемот треба утврдат дали листите се поднесени во соодветниот рок и дали се составени во согласност со одредбите на Изборниот законик.

Поднесувачите на листите на кандидати имаат рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите, а ОИК ги потврдува со решение.

Потврдените листи на кандидати, ОИК треба да ги достави до ДИК најдоцна до 16 септември заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати.

Според роковникот за изборни дејства, жрепката треба да се одржи на 18 септември.

ДИК денеска ќе го достави избирачкиот список до политичките партии, кои во рок од пет дена до Комисијата треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегуваат од јавниот увид, отпечатен во изводи, ДИК го заклучува најдоцна до 24 септември. Заклучениот избирачки список ДИК го потпишува најдоцна до 29 септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...