fbpx

Милошоски: Иванов точно ги лоцираше проблемите со кои се соочува Македонија

-

Сметаме дека претседателот Ѓорге Иванов сосема точно и прецизно ги лоцираше проблемите со кои се соочи Македонија во текот на 2016 година, како на домашен, така и на меѓународен план, изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната прес-конференција по повод традиционалното новогодишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов.

– ВМРО-ДПМНЕ во целост се согласува со ставот на претседателот Иванов дека е недозволиво за политички или за лични цели некој, во недостиг од реална програма, да тргува со националните интереси за своја корист – изјави Милошоски.

Тој истакна дека обраќањето на претседателот било обединувачко и помирувачко што му е неопходно на македонскиот народ, но очекувале и поконкретно да ја посочи одговорноста што треба да претходи на кое било политичко или национално помирување.

– Мора да биде точно лоцирана вината за насилните вандалски протести, за уништување на државен имот, за уништување на културно наследство, за уништување и за деградирање на институции. И затоа треба да се посочи точно одговорноста кој ја злоупотребува политичката позиција за тргување со националните интереси во предизборниот и во постизборниот период – додаде Милошоски.

На новинарско прашање, дали започнале преговори со некоја од партиите за можна коалиција за формирање на влада, Милошоски истакна дека неформални комуникации секогаш имало, но ќе почекаат да го добијат мандатот од претседателот Иванов.

– Тоа очекуваме да се случи во законскиот рок од 10 дена после конституирањето на Собранието, што треба да се случи утре како конститутивна седница – одговори Милошоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...