fbpx

Како Софија се бори со загадувањето: Данокот за возила ќе се плаќа според еко-стандардите

-

Софија вчера го пушти во употреба онлајн-калкулаторот со кој сите жители-сопственици на возила ќе може да пресметаат колкав годишен данок ќе платат за своето возило врз основа на новововедената законска одредба за еко-стандардот.

Бугарскиот парламент на 7 ноември годинава ги донесе долгонајавуваните измени, со кои воведе повисок данок за старите автомобили и камионети со вкупна тежина до три и пол тони кои многу загадуваат.

Новата формула за наплата на данокот за возила од страна на општините ќе почне да се применува од 1 јануари 2019 година. Секоја општина треба самата да одреди колку ќе пресметува данок за одредена еко-категорија, а од Софија вчера се пофалија дека ги избрале минималните вредности што ги пропишува новиот закон.

Се очекува данокот за најголемите загадувачи меѓу возилата во Бугарија да се зголеми за околу 30 отсто од 1 јануари следната година.

Со измените на законот на 7 ноември се воведенов принцип на определување на годишниот данок, преку две компоненти – моќноста на моторот и годината на автомобилот од една страна и еколошката компонента.

Токму втората, еколошката компонента, ќе носи даночно олеснување за автомобилите со стандард Евро 4 или повисок, а поголеми издатоци за оние од пониските Евро стандарди или кои воопшто не влегуваат во оваа категоризација.

За разлика од Бугарија, во Македонија со новиот закон за возила ќе се воведе еколошка категоризација, но само со цел да се спречи движење на возилата во одредени зони во време на енормно загадување на воздухот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...