fbpx

Иванов: Не ја повлекувам одлуката, странците да внимаваат како се однесуваат

-

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при новото браќање до јавноста, уште еднаш повтори дека не ја повлекува одлуката за аболиција со која се опфатени 56 политичари и блиски соработници.

– Цврсто сум убеден дека таквата одлука ќе опстане. Останувам на истата, а секој што смета дека сум му одзел право или сум му направил лоша услуга и сака својата невиност да ја докаже пред судовите, го повикувам да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него. Кога ќе ги добијам барањата, ќе повикам правни експерти за да го разгледаме барањето. Партиите и нивните функционери ги користат институциите како средства за притисок. Безбедносните институции се блокирани и се соочуваат со опасност да не можат да одговорат на барањата, на Специјалното јавно обвинителство му треба време за своите истраги. Меѓународната заедница да помогне во исполнување на договореното. Институциите да овозможат слободни, фер и демократски избори. Ги охрабрувам сите кои имаат јавни функции, судии, обвинители, полициски службеници да не подлегнат на притисоците без разлика од кого и да доаѓаат – изјави Иванов.

Тој ги повика преставниците на меѓународната заедница да внимаваат на своето однесување и постапки, затоа што, како што рече, можат да бидат погрешно разбрани.

Тој рече дека очекува распишаните избори на 5 јуни да бидат вовед во ново поглавје во македонската историја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...