fbpx

Исчезна Борко, кучето-демонстрант, го нема во Вардариште, ниту на улица!

-

Протестите на студентите, на хонорарците, на новинарите, „Критична маса“ и речиси сите други протести изминативе месеци имаа поддршка од Борко, во јавноста познато како „кучето што протестира“.

Но, последниот протест на средношколците и на студентите помина без Борко, исто како и собирот на новинарите пред Владата што се одржа во вторникот.

Побаравме по фејсбук-страниците на здруженијата за заштита на животни дали некој има некаква информација што се случило со Борко и дали, можеби, некој го вдомил, но таму најдовме само објави во кои активистите велат дека кучето-бунтовник веќе две недели не е видено и дека се плашат дека можеби шинтерите од стационарот во Вардариште го имаат заловено вторпат.

Бидејќи не можевме никаде да најдеме информација за Борко, отидовме во стационарот да провериме дали можеби е таму и дали вработените имаат некаква информација.

Вратата во стационарот, кој меѓу активистите е познат како „концентрационен логор за животни“, беше затворена иако на таблата пишува дека тој период е приемно време, во кое граѓаните можат да дојдат и да посвојат куче.

Пред  вратата чекавме десетина минути. На вработениот што ни отвори, на почетокот не му се претставивме како новинари, му рековме само дека бараме куче кое сме го изгубиле. Нè пушти да влеземе во првиот дел и да го побараме кутрето. За жал, Борко не беше таму, но во мокрите кафези во кои можеше да се види само по една чинија со вода, а во некој кафез и измет, имаше петнаесетина кучиња. Не ни дозволија да фотографираме.

Во стационарот во Вардариште има два дела, едниот во кој се кучињата за вдомување и вториот во кој најчесто не е дозволено да се влезе. Откако не нè пуштија да влеземе во вториот дел, се претставивме како новинари, па го викнаа шефот, кој нè пушти и нè прошета.

Го прашавме за Борко, но ни рече дека не е заловен.

– Не е заловен, но сега прочитав дека веќе го нашле кучето. Знам дека веќе подолго време активистите го бараат – ни рече раководителот на стационарот.

Секој кој има каква било информација за Борко може да ја сподели на оваа страница.

Дел од протестите на кои присуствуваше Борко

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...