fbpx

Средношколците до Адеми: Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи

-

„Се вративме на улиците затоа што Вие не сакавте да се вратите на преговорачката маса. Од Вас зависи дали повторно ќе ги испразниме училишните клупи и дали повторно ќе се вратиме во паркот отспротива“, му порачаа средношколците на министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на протестот против лошите реформи во образованието кој заврши пред Министерството.

– Министре, видете нè, тука сме, се вративме. Можеби сте нè заборавиле, но ние не сме заборавиле. Со кампот порачавме дека имате цело лето да си ги увидите и да ги поправите грешките, но гледаме дека сè е исто. Ние сме овде, сега, пред Вашиот прозорец затоа што сакаме нашите училишта да ни пружат квалитетно образование коа ќе трае, но со вашите реформи, тоа право ни е скратено. Секој еден од нас овде е горд зашто го крена својот глас против вашите измислици – рече Мила Басаровска од „Средношколски пленум“.

На протестот присутни беа и родители, наставници и преставници на „Студентски пленум“, кои заедно со средношколците извикуваа „Екстерно за владата“, „Нема да ви помине“ и „Нема правда, нема мир“.

Професорот Душко Стојановски од скопската гимназија „Орце Николов“ на средношколците им порача дека тие се првите знаци на демос во оваа држава.

– Вие одново ми ја будите надежта дека ќе имате демократија зошто вие со студентите сте првите знаци на демос во оваа држава. Овие реформи на МОН се само форма, а во суштина се празни. Вашите барања ја носат вистинската суштина. Наместо да нè прашаат нас и вас кои се проблемите во образованието и како тоа да се подобри, тие молчеа. Нè излажаа дека ќе се формираат работни групи, за изработка на нов концепт за екстерното, но никој од нас не знае за тоа затоа што најверојатно и не се случува – вели професорот Стојановски.

Средношколците бараат да се укине екстерно тестирање, веќе запишаните средношколци да полагаат државна матура по стариот концепт, а за средношколците што допрва ќе се запишат да се изработи нов концепт, во кој рамноправно ќе биде вклучен и „Средношколски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...