fbpx

Или одложување на изборите или бојкот и протести, порачаа 75 граѓански организации

-

Без исполнувањето на условите за слободни, фер и демократски избори, што подразбира нужно поместување на датумот, граѓанските активисти ќе немаат друга опција освен да повикаат на бојкот на изборите закажани за 24 април и на масовни протести против режимот, кој продолжува да ги гази демократијата, човековите права и владеењето на правото во Република Македонија.

Ова стои во второто писмо на 75 невладини и граѓански организации до еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и до другите меѓународни фактори активни во решавањето на политичката криза.

Граѓанскиот сектор смета дека во државата се случуваат недемократски процеси, непочитување на човековите права и владеење на правото и наместо конструктивен политички дијалог меѓу власта и опозицијата, се носат еднострани одлуки.

Билјана Бејкова од „НВО Инфоцентар“ вели дека попречувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство оневозможува ефикасна истрага за укажувањата за криминал, констатирани и во извештајот на Прибе.

– Во услови кога не се остварени основните реформски препораки и кога не се изведени пред лицето на правдата учесниците во изборен криминал, сметаме дека е скандалозно едностраното, самоволно и противуставно донесување одлука за одржување избори на 24 април 2016 година, од страна на Собранието на РМ, во отсуство на поголемиот дел од опозицијата. Не помалку скандалозно е и неосудувањето на ваквата еднострана одлука од Европската комисија (што може да се сфати како поддршка на политичкото самоволие). Скандалозно е инсистирањето на датум за избори, ставањето во втор план на итните реформски препораки и игнорирањето на апелот на голем број граѓански организации, кои бараа остварување на реформите за фер и слободни избори – вели Бејкова.

Невладините организации писмото го испратија до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, Делeгација на ЕУ во Македонија, пратеници во Европскиот парламент, раководителот на Сениорската експертска група – Рајнхард Прибе, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадите на сите земји-членки на ЕУ кои имаат свои претставништва во Македонија и до Амбасадата на САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...