fbpx

И САД на чекор до давање „виза“ на Црна Гора за НАТО

-

Сенатот на САД вчера со 97 гласови „за“ даде одобрение за завршување на расправата за ратификација на договорот за зачленување на Црна Гора во НАТО. Расправата и ратификацијата се очекува да се случат во наредните денови.

Протоколот е ратификуван од страна на 24 од вкупно 28 членки на Северноатлантската алијанса. Кога сите 28 членки ќе го ратификуваат, Црна Гора ќе стане 29. земја членка на НАТО и трета поранешна република на СФРЈ што влегува во овој сојуз.

На гласањето дали да продолжи расправата во американскиот Сенат, вчера против беа двајца републикански сенатори – Ренд Пол и Мајк Ли.

Пол, осврнувајќи се на обврската на САД да ја брани Црна Гора ако биде нападната, рече дека САД со децении трошеле многу пари и пролеале многу крв, многу повеќе од другите членки на НАТО и дека сенаторите треба да размислат дали има смисла да се гарантира безбедноста на уште една земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...