fbpx

Хан: По ова, се сомневам дека има услови за веродостојни избори

-

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска ја осуди одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за поништување на судските процеси против политичарите, истакнувајќи дека тоа е спротивно на владеењето на правото.

„Денешните постапки на претседателот Иванов не се во согласност со моето разбирање за владеењето на правото. Во контекст на развојот на овие настани, имам сериозен сомнеж дали веродостојни избори се уште се возможни. Политичките лидери мора да знаат дека постапките што ги видовме во изминатиот период ја ставаат евроатлантската иднина на нивната земја во сериозен ризик. Демократија значи компромис и служење на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат назад на преговарачката маса и да работат на реформите“, напиша Хан на „Твитер“

Претседателот Иванов во обраќањето до нацијата рече дека одлуката ја донел сам и оти со неа би требало да се стави крај на политичката криза, која е наметната од надвор, а која не успеала да се реши со Договорот од Пржино. Тој исто така рече дека кризите во земјата треба да си го решаваме самите, а не со помош од надвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...