fbpx

Грчката влада в понеделник на нов тест во Брисел

-

Грција и министрите за финасии на ЕУ повторно ќе се соочат следниот понеделник во Брисел. По неможноста да се најде нов договор за грчката финансиска програма, грчката влада и Еврогрупата ќе ги продолжат преговорите за финансиската иднина на Грција идната недела, на редовниот состанок на Еврогрупата.

Според информациите, целовечерниот трилер во Брисел делумно не донесе резултати бидејќи Грција не се согласувала со дел од терминологијата во заедничката декларација, оценувајќи дека начинот на кој министрите на ЕУ сакале да го дефинираат новиот договор, во суштина, ќе биде само продолжување на старата програма за штедење.

Поконкретно, она што ги расипало можностите за догoвор бил терминот „продолжување“, кој се однесувал на финансиската програма за Грција. Грчкото „не“ било договорено преку телефонски разговор меѓу министерот за финансии, Јанис Варуфакис, и премиерот Алексис Ципрас. Во интервју за грчката телевизија „Мега“, владиниот потпарол Гаврил Сакеларидис истакна дека грчката влада нема да потпише нов пакет за штедење кој ќе биде само продолжување на старите, строги мерки за штедење и ќе ја продолжи хуманитарната криза што постои во Грција.

Независно од неуспехот на вчерашниот состанок, Сакеларидис подвлече дека грчката влада останува посветена на обидот да се најде заеднички прифатливо решение со европските партнери до понеделник. Потпаролот го демантираше текстот на „Фајненшал тајмс“ дека пред да се слушне со Ципрас, Варуфакис самостојно го имал прифатено договорот.

Варуфакис по средбата истакна дека ќе бидат потребни бројни отстапки и од двете страни за да се стигне до компромисно решение. „Европа секогаш знае да најде решение од беизлезните ситуации“, истакна Варуфакис, со оптимистички тон дека до понеделник ќе успеат да најдат решение. Министерот посочи дека немало закани од европските партнери врз Грција, како и дека она што е неопходно е да се најде заеднички јазик и договор за да се најде логичен премин од старата кон нова програма на реформи, која нема да создаде проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...