fbpx

Граѓани од Охрид самоиницијативно се упатуваат кон Скопје

-

Од Охрид, градот во кој се протестираше речиси секоја вечер откако т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ ги почна собирањата во Скопје и во другите македонски градови, и од каде потекнува Богдан Илиевски, еден од водачите, вечерва поединци и групи самоиницијативно се организирале и со свои приватни возила тргнале за Скопје. Засега нема информации дека е ангажиран автобус за патување во Скопје.

Од извори на ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека никој од кај нив не организирал патување за Скопје.

Во Охрид вечерва е мирно. Граѓаните се во исчекување на разврската по упадот на граѓаните во Собранието, пред телевизиските приемници и на социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...