fbpx

„Го сакам Водно“ на Шилегов му испорача новогодишно пакетче со 13 барања

-

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денеска на градоначалникот на Град Скопје му предадоа „новогодишно пакетче“ од 13 барања за трајно решавање и заштита на парк-шумата Водно.

Тие бараат итно да се донесе закон за Водно, а во меѓувреме Министерството за животна средина да издаде привремен заштитен статус на Водно, како би се оневозможила понатамошна узурпација на парк-шумата.

Дел од барањата се и преиспитување на постапката за Сончев град и патот до Сончев град и решение за ублажување и санација на штетата предизвикана со тој проект.

Активистите бараат да се лоцираат, мапираат, исчистат и отстранат сите депонии кои се формирани во парк-шумата и да се обезбеди стратегија за спречување на нивно повторно формирање.

„Го сакам Водно“ предлага формирање на Јавно претпријатие „Водно“ кое ќе биде задолжено за редот и чистотата на парк-шумата и формирање на ренџерска служба на Водно, во рамките на новото ЈП, со сопствен возен парк во форма на АТМ и теренски возила, соодветни за заштитено подрачје.

„Во однос на вашето прифаќање гасоводната траса да минува низ Водно, уште еднаш гласно ви кажуваме дека продолжуваме да се бориме со сите расположиви средства да го спречиме тоа зошто ниту еден момент не дадовте издржан одговор зошто го сменивте ставот, а напротив, максимално издржано претходно објаснивте зошто сте против тоа“, велат активистите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...