fbpx

Германија вратила 12.760 бегалци во Австрија

-

Австрија не се соочува со доаѓање на мигранти преку своите јужни граници, туку од Германија, која со автобуси ги враќа мигрантите што не побарале азил, пишуваат австриските медиуми. Во просек Германија дневно во Австрија враќа по 34 лица, а од август досега во Алпската Република се вратени 1.060 лица.

Од почетокот на годинава, бројот на бегалци кои германските полицајци ги вратиле во Австрија изнесува 12.760.

Медиумите наведуваат дека бројката е голема, имајќи предвид дека Германија минатата година во Австрија вратила околу 9.000 бегалци.

Лицата кои се враќаат не се протерани, туку најчесто немаат документи за да го докажат идентитетот или, пак, немале намера да побараат азил во Германија затоа што сакаат да патуваат понатаму.

Откако Шведска, на почетокот од годинава го запре приемот на бегалци, но и откако е затворена балканската рута, бројот на лицата што се враќаат од Германија во Австрија е намален, но и понатаму е на високо ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стејт департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица беа предложени за функции во Владата на Србија

„Ние сме разочарани што гледаме две санкционирани лица номинирани за позиции во новата влада“, вели портпаролот на Стејт департментот во писмена изјава за Гласот на Америка на српски јазик....