fbpx

ЕП ја изгласа резолуцијата за Македонија: Прво резултати од реформите, па потоа преговори

-

Со 503 гласа „за“ и со 113 „против“, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата на специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година. Вкупно 45 европратеници беа воздржани за резолуцијата со која се препорачува Македонија да продолжи по патот на евроинтеграциите.

Европратениците го поздравија формирањето на новата влада на 31 мај и ја повикаа, заедно си сите политички партии да ја врати довербата во државата и во институциите. Тие, исто така, ја повикаа новата влада да продолжи со напорите за интегрирање во ЕУ и целосно да се посвети на робусните реформи во областа на владеењето на правото, правдата, корупцијата, основните човекови права, внатрешните односи, како и на добрососедските односи.

„Откако ќе има видлив напредок во имплементирањето на Договорот од Пржино од 2015 година и во спроведувањето на реформските приоритети, Европскиот парламент ќе го поддржи отворањето на преговорите за влез во ЕУ“, се наведува во резолуцијата.

Во однос на 2016 година, европратениците изразија жалење што Македонија продолжила да ги одолговлекува реформите во судството и го осудија повторното политичкото мешање во назначувањето и во промовирањето судии и обвинители. Европратениците, исто така, се загрижени за политичките напади и опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство.

– Европскиот парламент донесе позитивен извештај за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ. Новата влада е посветена на важните реформи, што ѝ овозможи на земјата да одржи транспарентни избори и да ја надмине долготрајната политичка криза. Македонија сега треба да го забрза процесот на усвојување на европските стандарди, вредности и принципи и на тој начин, исто така, да придонесе за стабилноста на Западен Балкан – рече Вајгл.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...