fbpx

Едмонд Темелко се врати во Пустец

-

Едмонд Темелко, актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, се врати во Пустец.

Рано утринава тој беше ослободен по вчерашното приведување од македонската полиција во Ресен, откако Основниот суд Скопје 1 го одби барањето за притвор од Специјалното јавно обвинителство.

За градоначалникот Темелко е одредена мерка да се јавува еднаш неделно во судот во Ресен, каде што живее со семејството.

Темелко вчера попладне и во текот на ноќта беше на распит во судот, откако СЈО поднесе обвиненија за изборни измами.

СЈО поднесе барања за притвор на осум лица од предметот „Титаник“, а при отворањето на истрагата, за Темелко беше побарано лишување од слобода поради постоење опасност од бегство.

Враќањето на Темелко во Пустец беше обзнането со објавување фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа во друштво со Васил Стерјовски, советник во општина Пустец и генерален секретар на Македонската алијанса за европско интегрирање – партијата чиј претседател е Темелко, како и со други активисти на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...