fbpx

Две жртви во сообраќајни несреќи во Тетовско и во Радовишко

-

Дваесет и четиригодишен жител на Радовиш и 55-годишен скопјанец ги загубиле животите во две одделни сообраќајни несреќи, што вчера се случиле на регионалниот пат од правец на планината Плачковица, односно автопатот Тетово – Скопје, во близина на наплатната рампа Желино, соопшти полицијата.

Несреќата во која животот го загубил радовишанецот Иван Ф. (24), се случила околу 4.40 часот, кога тој управувајќи мотор, марка „хонда“, изгубил контрола и удрил во дрво покрај коловозот. Од сериозноста на повредите, тој починал на самото место.

Сообраќајката кај наплатната рампа Желино, според полицијата, се случила синоќа околу 20.40 часот. Љупчо З. (55) управувајќи автомобил, марка „опел вектра“, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Од здобиените повреди, тој починал на самото место.

Јавен обвинител и полициски екипи извршиле увид и работат на расчистување на околностите и на причините за несреќите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...