fbpx

Демолиран автомобилот на судијка од Основниот суд во Охрид

-

Непознати сторители синоќа оштетиле возило во сопственост на судијката Билјана Белеска-Пројкоска, вработена во охридскиот Основен суд, која работи на предмети од областа на кривичното право.

Настанот, кој се случил на улицата АСНОМ во Охрид, во близина на домот на судијката, бил пријавен во СВР Охрид.

– Искршени се стаклата од возилото. Се работи на откривање на сторителите и на расчистување на настанот – информираат од СВР Охрид.

Сторителите ги искршиле двете ветробрански и двете стакла од совозачката страна. На возилото немало оставено никаква порака.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...