fbpx

Што има на насловните страници на весниците

-

Главните наслови во весниците во Македонија се посветени на акцијата во Куманово.

dnevnik

„Дневник“ со наслов „Терористите планирале масовни убиства во Македонија“, пишува дека терористички напади на цивилни цели, државни институции и на полициски станици кон средината на овој месец планирала терористичката група која е неутрализирана и елиминирана во полициската акција во Kуманово.

01 naslovna.qxd

„Утрински весник“ во текстот „Македонија турната на работ“, пишува дека Македонија се соочила со најдраматичниот викенд во изминатава деценија.

01.qxd

„Вест“ излезе со наслов „Куманово нападнато од кучиња на војната“, а во текстот пишува дека со страв, неверување и со неизвесност живеат кумановци во изминатите два дена откако почна пресметката на полицијата со вооружената група во населбата Тоде Мендол.

sloboden pecat

„Слободен печат“ излезе со наслов „Кој ќе ги носи на душа жртвите од акцијата во Куманово?“, во кој пишува дека осум мртви и 37 ранети полицајци има во дводневната пресметка со вооружена група.

nova makedonija

„Нова Македонија“ денеска излезе со наслов „Теористичката група целосно разбиена“, а текстот се навраќа на дводневната акција во Куманово и на жртвите од полицијата.

vecer

„Вечер“ излезе без наслов на насловната страница – само со принтови од текстови.

koha

 

„Коха“ објави главен текст „ Изгорени куќи, автомобили, оштетени продавници“ (Фотогалериjа), во која објавува фотографии од местотo на акцијата.

 

lajm

„Лајм“ на насловната страница објави наслов „Куманово како Вуковар“, во кој се опишува состојбата со овој дел од градот по акцијата на полицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...