fbpx

Четворица млади нападнати и избодени во трговскиот центар „Мавровка“

-

Четири лица од Арачиново и од Скопје, на возраст од 18 до 23 години, вчеравечер во трговскиот центар „Мавровка“ биле нападнати од три непознати лица, кои со остар предмет им нанеле убодни рани, соопштуваат од полицијата.

Повредените биле пренесени во градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, каде кај едно од лицата, Б.М. (23), лекарите констатирале тешка телесна повреда, додека останатите имале телесни повреди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за откривање на напаѓачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...