fbpx

Андреј Петровски: Граѓаните многу малку внимаваат на „дигиталната хигиена“, а опасностите се бројни

Андреј Петровски е софтвер-инженер и магистер по електронски криминал, кој веќе пет години работи во Фондацијата SHARE, којашто се занимава со истражување и заштита на дигиталните права на граѓаните. Фондацијата се обидува на граѓаните да им ги разјасни тајните и проблемите на информациските технологии...

Апликацијата „Мој воздух“ со нов дизајн

По речиси пет години постоење, мобилната апликација „Мој Воздух!“ денеска доби свој редизајн, со нов интерфејс. Новитет е и маскотата Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух. МојВоздух започна како иницијатива во декември 2014 година, и сега има над...

Европскиот парламент ги одобри новите правила за авторските права за интернет

Европскиот парламент денеска со 348 гласови „за“, 274 „против“ и 36 воздржани изгласа нова директива со која се заоструваат правилата за содржините на интернет и се наметнуваат многу построги одредби за интернет гигантите. Интернет-платформите ќе сносат одговорност за содржините што корисниците ги закачуваат, а...

Фејсбук избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран

Фејсбук денеска објави дека избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран, кои покажувале „неавтентично координирано однесување“. Од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се избришани 2.632 профили, страници и групи, поради различни причини. Од вкупната бројка, 1.907 профили или страници биле од Русија, а...

Порталот за отворени податоци е добар исчекор, но за целосна транспарентност има уште многу работа

Креирањето и пуштањето во употреба на новиот портал за отворени податоци на Владата на Република Северна Македонија е добар исчекор, кој дава јасен сигнал за посветеноста на транспарентноста. Но за да се забележат вистинските потенцијални придобивки, потребно е да се отворат податоци кои ќе...

Фондацијата “Метаморфозис” и МИОА со ново видео го одбележуваат Денот на побезбеден интернет

Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите,...

Еден уапсен признал вина за кражбата на податоци на германски политичари

Уапсениот 20-годишник, кој се сомничи за кражбата на податоци и разговори на стотици политичари во Германија, која беше откриена, ја признал вината, пишува германски „Шпигл“ на својата веб-страница. Истражител од канцеларијата на Федералната криминалистичка полиција (БКА), која се занимава со овој, еден од најголемите досега,...

Хакери објавија разговори и лични податоци на Меркел и стотици германски политичари

Германија врие од вчера, кога беше откриено протекувањето во јавноста на лични податоци и различни комуникации на германската канцеларка Ангела Меркел и на стотици политичари. Материјалите, објавени на интернет, биле поставувани во изминативе две седмици од Твитер-корисникот ‘G0d’, кој вели дека се наоѓа во Хамбург,...

Охрид доби два полначи за електрични и хибридни возила

Два „Волби“ полначи за електрични и хибридни возила се деновиве поставени на локации во строгиот центар на градот и се очекува наскоро да бидат ставени во функција. Со тоа, проектот „Е-мобилност“ пристигна и во Охрид, со заложби на Општина Охрид и ЕВН Македонија. Сега се...

На викенд трките на „Стенковец“ дроновите јурат и по 150 километри на час

Речиси секоја сабота и недела на спортскиот аеродром „Стенковец“ се одржуваат тренинг-трки со дронови што летаат со брзина и до 150 километри на час. Ентузијасти од Скопје, Прилеп и Битола, се во потрага по адреналин од брзината и сатисфакција од умешноста рамо до рамо со истомисленици...

Од околу 1.000 дронови во Македонија, регистрирани се само 52 летала

Во Македонија од цивилни лица и фирми се користат околу 1.000 воздухоплови без екипаж, а од нив до 15 август кај нас се регистрирани само 52, објаснува Драги Стојаноски, раководител на Секторот за безбедност на воздушен сообраќај и воздухопловна навигација во Агенцијата за цивилно...

„Фејсбук“ без согласност споделувал податоци со производители на смартфони

Социјалната мрежа „Фејсбук“ имала договор за споделување податоци на корисниците со компании производители на смартфони и други уреди, како „Амазон“, „Епл“, „Блекбери“, „ХТЦ“, „Мајкрософт“, „Самсунг“ и десетици други, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори во социјалната мрежа. Како што е наведено, „Фејсбук“...

DOCU.TECH ќе ги собере на едно место младите иноватори и ентузијасти за технологија

На 9 и 10 јуни во Креативниот центар „Термокис“ во Приштина неколку десетици ентузијасти за технологија и млади иноватори ќе имаат можност да разменуваат идеи, да дискутираат и да добијат совети на DOCU.TECH 2018 еден од најголемите технолошки настани на Балканот. Организатори на овој настан се Фондот...

Улогата на дигиталните алатки за демократија во Македонија ќе биде сè поважна

Со панел-дискусија денеска во ЕУ-инфоцентарот, институтот „Импакт“ ја презентираше публикацијата „Дигитални алатки за демократија во Македонија: Преглед и перспективи”, која опфаќа анализа на четири постојни алатки за собирање информации од јавноста, како и две алатки кои ги советуваат гласачите. Амбасадорот Ваутер Пломп, кој го отвори...

Веб-страница овозможува да проверите дали хакери ви ја знаат лозинката

Благодарение на Трој Хант, регионален директор на „Мајкрософт“ за Австралија и експерт за компјутерска безбедност, кој ја создаде и ја одржува веб-страницата „Have I been pwned?“, сосема едноставно, брзо и бесплатно може да проверите дали злонамерни хакери ги украле од некоја база податоци вашите лозинки за...

Македонија има 1,44 милиони корисници на интернет, а еден милион се на „Фејсбук“

Вкупно 69,1 од проценетата бројка на 2.083.308 жители на Македонија се поврзани на интернет, односно 1.439.089, а еден милион користат „Фејсбук“, покажуваат пресметките за март годинава на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“. Од земјите во регионот, по користењето интернет во март годинава пред Македонија...

Вирусот „вонакрај“ можеби е дело на Северна Кореја

Компании за компјутерска безбедност велат оти постојат знаци дека Северна Кореја може да е поврзана со глобалниот кибер-напад преку вирусот „вонакрај“ (WannaCry), кој зарази неколку стотици илјади компјутери во повеќе од 150 земји. Според првичните заклучоци за изворот на масовниот хакерски напад со вирусот што...

„Метаморфозис“ и „Мајкрософт“ нудат можности за донации на софтвер за граѓанските организации

Во Конгресниот центар на Скопски саем утре ќе се одржи „Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“. „Денот на Мајкрософт“ посветен на НВО-секторот, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“ со поддршка на „Мајкрософт“, ќе им овозможи на претставниците...

Вирусот „вонакрај“ заразил повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји

Масовниот кибер-напад во петокот со компјутерскиот вирус „wannacry“ (вонакрај) погодил 200.000 жртви во 150 земји, вели шефот на Еуропол, Рон Вејнрајт за „Би-би-си“. Тој вели дека нападот бил многу голем, како и дека утре наутро може да има и нови напади. Вирусот е од категоријата...

Вирусот „вонакрај“ направи хаос

Корпорацијата „Мајкрософт“ објави закрпи за оперативните системи „windows XP“, „wIndows 8“ и „windows server 2003“, чија поддршка е прекината, за да овозможи подобра заштита од вирусот, поточно малверот „wannacry“, кој втор ден напаѓа компјутери во светот. Инаку, еден британски експерт за компјутерска безбедност претпладнево објави...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...