fbpx

(Видео) Првиот домашен робот Астро не може да чисти, но може да ви донесе пиво додека гледате телевизија

-

Според најавата на компанијата Амазон роботот Астро првично ќе биде достапен само за ограничен број луѓе по цена од илјада долари, а потоа треба да стане достапен за секого. Меѓутоа, имајќи предвид дека роботот нема напредни карактеристики, прашањето е колку навистина луѓето ќе издвојат пари за Астро.

Роботот Астро не може да усисува, нема раце и нозе и не може да се качува по скали, но со своите две тркала слободно може да се движи низ просторот. Има мал простор за складирање и екран и доаѓа со пет вградени мотори, камери, сензори. Астри ист така исто така има вградена камера со перископ што може да се подигне над нивото на маса со стандрардна висина, што треба да помогне во поефективно следење.

Една од главните карактеристики на роботот на Амазон е надзорот на домот. Оваа опција се активира преку апликација и кога сопствениците не се дома Астро кружи низ станот и служи како робот за следење.

Роботот може да ја мапира површината на станот и да се движи низ него избегнувајќи ги сите пречки, слуша гласовни команди (го поддржува асистентот Алекса) за да може да ја прочита временската прогноза, да одговори на разни прашања, да се користи за видеоповици и да го следи сопственикот наоколу куќата, да пушта музика и слично.

Според Амазон движењето на Астро може да регулира со забранети зони така што ќе му се оневозможи да оди во одредени области, а може да биде програмиран и на подесување како „не вознемирувај“. Исто така, има копчиња за исклучување камери и микрофони, но тогаш ја губи способноста да се движи.

Како друга опција што може да се користи е да се пренесат работите од една соба во друга. Роботот има вградени два држачи за чаши или шишиња, па во нив може да се стави шише пиво и да се испрати до луѓе кои се во друга просторија.

Астро исто така има два звучници кои се доста гласни, и бидејќи роботот постојано ги следи луѓето, може да се користи како мобилен / пренослив звучник.

Но, ако очекувате од него правосмукалка или чистење, ќе бидете разочарани, а прашањето е како ќе реагира роботот во просторија во која има помали деца кои би можеле да седнат на него или да ја тестираат неговата издржливост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...