fbpx

Бугарските власти уапсија петмина осомничени терористи на границата со Македонија

-

Бугарските власти синоќа уапсиле пет лица осомничени за тероризам на граничниот премин Ѓуешево на границата со Македонија, јавуваат бугарските медиуми.

Приведените се косовски државјани, возраст меѓу 20 и 25 години, јавува бугарската НОВА ТВ.

Бугарските погранични власти потврдија дека петте странци се уапсени при обид да влезат во Бугарија.

Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), која раководи со истрагата, соопшти дека уапсените се обиделе да ги поткупат пограничните полицајци. Кај уапсените, при претрес на нивниот личен багаж и телефони се пронајдени фотографии од обезглавени луѓе и џихадистички пораки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...