fbpx

Британец силувал 200 деца, 22 пати осуден на доживотна робија

-

На Британецот Ричард Хакл (30) му се досудени 22 казни доживотна робија откако призна дека е виновен за 71 дело поврзано со сексуално злоупотребување деца во Малезија.

Триесетгодишникот призна дека злоупотребувал деца на старост од шест месеци од 12 години во период од 2006 до 2014 година.

Судот во Лондон му досуди 22 пати да одлежи доживотна робија, а во затвор ќе мора да помине најмалку 23 години.

Се верува дека Хакл сексуално искористил 200 деца од сиромашни семејства во Куала Лумпур.

Тој се претставувал како христијански мисионер и првпат ја посетил Малезија кога имал 18 години.

Истражувачите кај него пронашле повеќе од 20.000 фотографии и видеоснимки на сексуални злоупотреби на деца кои Хакл ги дистрибуирал на педофили низ целиот свет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...