fbpx

Бошњаковски: Германија не се вклучува активно во преговорите за името

-

Германија не се вклучува активно во преговорите за името кои се водат помеѓу Македонија и Грција под закрила на Обединетите нации и медијаторот Метју Нимиц, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Денешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев е билатерална на која ќе се разговараат повеќе работи и економски прашања. Се разбира дека одредени пријатели на Македонија и Грција имаат свое видување на работите, меѓутоа отсечно велам – не – дека ќе учествуваат во преговорите – вели Бошњаковски.

На прашањето од каде Заев го црпи оптимизмот дека решението за спорот со името е можен до јули оваа година, Бошњаковски вели дека се по ова прашање било јавно и транспарентно и затоа може да се повлече линија дека оптимизам постои.

– Имавме средба помеѓу двајцата премиери, имавме отворање на затворени прашања кои 15 години не биле разговарани, имаме интензивни контакти помеѓу министрите за надворешни работи, така што самите разговори се добар показател дека постои оптимизам без разлика на информациите кои што пристигнуваат од различни страни, но сосема друга работа се официјалните преговори – додава Бошњаковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...