fbpx

Богов: Парите во случаи како „Панама пејперс“ најчесто се изнесени на нелегален начин

-

Македонските компании имаат можност да имаат сметка и да инвестираат во странство. Физичките лица, во согласност со Законот за девизно работење, немаат право да имаат сметки во странство и доколку во „Панама пејперс“ се појават такви лица, кои имаат само македонско државјанство, ќе треба да се отвори истрага – одговори гувернерот Димитар Богов на новинарско прашање за можноста за поврзаност на македонските државјани со аферата „Панама пејперс“.

Гувернерот нагласи дека парите што се појавуваат во случаи како „Панама пејперс“ најчесто се изнесени на нелегален начин, а не преку банкарски трансакции.

– Ниту една централна банка во светот не може да обезбеди документи за случаи како „Панама пејперс“. Таквите документи се обезбедуваат со меѓународни договори и спогодби. Централните банки не можат да побараат и оттаму да добијат податоци. Има закони кои го регулираат тоа прашање и не дозволуваат откривање на лични податоци и на банкарски тајни – објасни Богов.

Според него, одливите што се направени преку македонскиот банкарски сектор се целосно легални.

– Не верувам дека некоја банка би се впуштила во сомнителни трансакции бидејќи тоа би било погубно за банката, за нејзините менаџери и акционери. Покрај тоа, НБРМ барем еднаш годишно контролира во секоја банка, ги проверува сите трансакции и за секоја неправилност има остри санкции кон банките – изјави Богов и додаде дека сите банки мора да ја почитуваат постојната законска регулатива за платниот промет со странство и за девизното работење.

Тој вели дека деловните банки се задолжени да ги контролираат трансакциите кон странство и нивна обврска е доколку забележат сомнителна трансакција, да ја пријават до Агенцијата за спречување перење пари.

Актуелната политичка ситуација, гувернерот ја оцени како неповолна за економијата, за нови инвестиции и за потрошувачката на домаќинствата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...