fbpx

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во случајот „Шамари“

-

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство на решението на Основниот суд Скопје 1 за предметот поврзан со насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година и донесе одлука дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка.

„Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје и го укина решението донесено од Основниот суд Скопје 1, со кое од списите на предметот се издвоени снимените материјали предложени како доказ за предметот поврзан со настаните во Општина Центар. Со оваа одлука доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка“, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Осомничени во случајот се поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 лица обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...