fbpx

Анѓушев – Гарет: Македонија може повеќе да извезува во Велика Британија

-

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, со кој разговарал за економската соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Тие заклучиле дека соработката е на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во поглед на извозот од Македонија.

„Обединетото Кралство е значаен економски партнер на Македонија, втора земја по обем на трговската размена. Сметам дека досегашната меѓусебна економска соработка е добра основа која може да ја надградиме, особено во намалување на трговскиот дефицит и зголемување на извозот кон Обединетото Кралство. Со економските политики кои Владата ќе ги спроведe во наредниот период, ќе се насочиме кон тоа да ги развиваме македонските компании да произведуваат производи со повисока додадена вредност, да станат поконкурентни на регионалните и на европскиот пазар и да го зголемат извозот, со што ќе придонесеме и за отворање нови работни места и за побрз пораст на економијата“, истакна Анѓушев.

Амбасадорот Гарет се осврнал на активностите од Берлинскиот процес, односно на самитот за Западен Балкан кој се одржа во Трст, но и на активностите кои следуваат наредната година.

„На самитот во Трст, Македонија навистина имаше успешно претставување. Наредниот самит за Западен Балкан ќе се одржи во Обединетото Кралствo и се надевам дека планираните реформски процеси во земјата ќе бидат реализирани, а Република Македонија ќе добие уште поголема поддршка на наредниот самит“, изјавил Гарет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...