fbpx

Ангелов: Не Македонија, туку Европа ја затвори границата

-

Сè додека постои бегалскиот камп на Идомени, не се исклучува можноста за нов обид за масовно илегално преминување во Македонија, вели македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, во интервју за грчкиот веб-портал „Њузбист“, говорејќи за бегалската криза и за позицијата на Македонија во целата ситуација.

Ангелов демантира дека Македонија одлучила да ја затвори границата и објаснува дека државите од Северна Европа имаат наметнато ограничувања за преминувањата на луѓе од одредени држави преку македонско-грчката граница.

– Ние не реагиравме унилатерално и реагираме само по одлуки на други, на кои ако не се реагира, ризикуваме ние, малечка држава од 2 милиони жители, со ограничени ресурси и држава која не е членка на ЕУ, да станеме масивен бегалски камп. За нас ова е ризик да се најдеме во истата ситуација од 1999 година. Не заборавајте дека тогаш во долг период Република Македонија прими повеќе од 400.000 бегалци од Косово, за кои добивме мала компензација и почит – додава тој.

Според Ангелов, сепак има позитивно раздвижување во врските меѓу Македонија и Грција преку интензивирана дипломатска комуникација меѓу двете страни. Тој оценува дека мерките за градење доверба предложени од македонска и од грчка страна се позитивен чекор, дека треба да се задржи тој курс и да се развие за да се добијат конкретни резултати и конечно да се надминат разликите околу спорот за името.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...