fbpx

Ана Брнабиќ е мандатар за состав на новата српска влада, пресече Вучиќ

-

Мандатар за составување на новата влада на Србија ќе биде Ана Брнабиќ, соопшти денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ. Доколку ја добие поддршката од собранието, Брнабиќ ќе биде првата жена премиер на Србија и прва личност на оваа функција која отворено се декларира како припадничка на ЛГБТ-заедницата.

„Сметам дека Ана Брнабиќ ги поседува стручните и лични квалитети за извршување на функцијата претседател на влада, убеден сум дека вредно ќе работи, верувам дека ќе покаже почит кон политичките партии од кои очекува поддршка и дека со сите министри ќе работи на подобрување и на напредок на нашата Србија“, рече Вучиќ.

Новата влада на Србија треба да биде избрана до 23 јуни, кога е закажана и инаугурацијата на новиот српски претседател, Александар Вучиќ. Брнабиќ во следните денови треба да го соопшти составот на нејзиниот кабинет.

Кандидат за мандатар беше и актуелниот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Ова не е пораз ниту за Српската напредна странка, ниту за кој било друг. Ова е мојата желба да се обидеме да го пронајдеме, во дадениот момент, најдоброто решение“ изјави Вучиќ.

Лидерот на опозициската Демократската партија, Драган Шутановац, изјави дека во Србија се воспоставува султанат, во кој постои еден султан и многу везири, меѓу кои е и Ана Брнабиќ.

Инаку, Брнабиќ, која е родена во 1975 година во Белград, дипломирала во Велика Британија и девет години рабитела како менаџер на различни меѓународни проекти, а беше и министер за локална самоуправа во српската влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...