Пентагон денеска почна истрага против претставник на поранешната елитната американска воена единица „Фоки“, поради јавното признавање дека тој лично во 2011 година го ликвидирал Осама бин Ладен.
Како што соопшти портпаролот на американската морнарица, воените истражители засега ги разгледуваат обвиненијата против Роберт О’Нил за издавање доверливи информации на лица кои немаат овластувања за пристап до такви информации.
Триесет и осумгодишниот О’Нил минатиот месец за „Вашингтон пост“ изјави дека со еден куршум во глава го убил лидерот на терористичката организација Ал Каеда.