fbpx

Албански државјанин крадел огревни дрва во Струшко

-

Патрола на струшката полиција вчера привела албански државјанин додека товарал дрва за огрев во околината на селото Дренок.

Станува збор за Ч.А.(30) од Либраж, Албанија, кој еднаш веќе бил фатен како илегално престојува во земјава и му била изречена забрана за влез до август 2017 година.

Како што информираат од струшката полиција, дрвокрадецот и сега влегол илегално во земјава, преку див премин во близина на Ќафасан.

Албанскиот државјанин, по извршениот разговор во полициска станица, е вратен во неговата матична земја и повторно му е одредена мерка – забрана за влез во Македонија, овојпат до октомври 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...