fbpx

ААВМУ со укажување до МРТ за партискиот ангажман на нивна новинарка

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти дека вчера укажала на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТ) дека мора да води сметка вработените да не учествуваат во предизборни активности на политички субјекти.

„Укажувањето беше упатено откако, преку снимки објавени на социјалните мрежи, беше утврдено дека новинарката на МРТ1 Гордана Ѓорчева, беше водителка на 18-та конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ која се одржа во неделата, на 3 март 2019 година. Инаку, со мониторингот на известувањето во предизборниот период беше констатирано дека на програмите на радиодифузерите, кои во моментов се предмет на надзор, таа не се појави во прилозите од овој настан“, соопшти ААВМУ.

Радиодифузниот регулатор исто така посочува дека сите уредници, новинари, водители на програма и презентери кои се ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, мора да ја почитуваат забраната за политички ангажман од распишувањето до завршувањето на изборите или во спротивно да се повлечат привремено од работното место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...