петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги | 36 резултати

Почнува онлајн кампања за медиумска писменост

април 26, 2021

По повод четири години од основањето на Мрежата на медиумска писменост, денеска започна нова онлајн кампања за медиумска писменост, со која во следните десет недели, во текот на секој работен ден, ќе се споделува по еден постер со информации, со цел да се подигне свеста за потребата од критичко мислење на медиумите и медиумските содржини. […]

Речиси третина од граѓаните не гледаат телевизија, „Сител“ и во третиот квартал најгледан ТВ канал

октомври 19, 2020

Македонските граѓани сè помалку време минуваат пред телевизиските екрани, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот јули-септември 2020 година. Дури 30,7 отсто од анкетираните лица одговориле негативно на прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија?“. Интересно е дека овој податок се однесува за периодот во кој […]

Пред изборите и за време на короната најгледани телевизии биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“

јули 21, 2020

Трите домашни телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледаните радиодифузери за време на епидемијата со корона вирусот во земјава, како и во периодот пред одржувањето на парламентарните избори, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоците за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на […]

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ најгледани, граѓаните пред телевизор најмногу следат вести

мај 12, 2020

Најголем дел од македонските граѓани редовно гледаат телевизија, при што најмногу внимание посветуваат на следењето вести и информативна програма на телевизиските канали. Во првиот квартал од 2020 година, најгледани домашни телевизиски канали биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“, се наведува во Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци […]

Неизборот на новиот состав на Советот на Агенцијата за медиуми води кон нови законски измени

февруари 4, 2020

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Закон за ААВМУ) ќе претрпи нова, осма по ред измена од неговото донесување во 2013 година. На денешната 131 седница, Собранието по скратена постапка ќе го усвојува Предлог – Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на предлог на пратениците Костадин Ацевски, Артан Груби […]

„Антена 5“, „Канал 77“ и „Македонско радио“ лани биле најслушани

јануари 21, 2020

Најголем дел од македонските граѓани лани не биле заинтересирани за редовно следење на програмата на македонските радио станици, но забележително е дека овој традиционален медиум и понатаму е интересен за помладиот дел од популацијата. Според Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за 2019 година, податоците за досегот на радиостаниците покажуваат […]

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ лани биле најгледани, граѓаните најмногу следеле вести

јануари 17, 2020

Македонските граѓани на телевизиските канали лани најмногу гледале вести и информативна програма, при што „Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ се трите најгледани телевизии во 2019 година, покажува Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со податоци за досегот на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици. Дури 32,1 отсто […]

Закажани трите „директорски“ седници на Комисија за избор и именувања

декември 6, 2019

Претседателот на собраниската Комисија за избор и именувања, Илија Димовски, за денеска закажа три седници на комисијата, на кои се очекува да се избере главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија. Ревизорите работат без директор речиси две години, при што во изминатиов период во неколку наврати реагираа вработените, но и граѓанските организации. На другите […]

Невладините бараат итен избор на раководен кадар во десетина институции

ноември 27, 2019

На иницијатива на десет мрежи на граѓански организации кои заедно обединуваат околу 100 здруженија и иницијативи, претставници на невладиниот сектор денеска одржаа протест пред македонското собрание. Граѓанските организации бараат итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Невладините организации бараат Собранието […]

ААВМУ реагира: Владата не ги почитува препораките на Брисел

април 10, 2019

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска се огласи со остра реакција за Владата по вчерашната одлука, наведувајќи дека владиниот кабинет ги надминал своите надлежности и се меша во независноста на ова регулаторно тело, што е нешто на што посебно посочува Брисел. Имено, Владата вчера даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој […]

ААВМУ со укажување до МРТ за партискиот ангажман на нивна новинарка

март 5, 2019

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти дека вчера укажала на јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија (МРТ) дека мора да води сметка вработените да не учествуваат во предизборни активности на политички субјекти. „Укажувањето беше упатено откако, преку снимки објавени на социјалните мрежи, беше утврдено дека новинарката на МРТ1 Гордана Ѓорчева, беше водителка […]

ААВМУ: Скандалозни решенија во измените на Изборниот законик

јули 26, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осудува усвоените измени во Изборниот Законик кои беа донесени вчера во Собранието, по скратена постапка. Смета дека некои од решенијата се скандалозни. Првата забелешка е на промената со која платеното политичко рекламирање, кое досега партиите и кандидатите го плаќаа од свој џеб, сега се префрла на […]

ВМРО-ДПМНЕ бара невладините да не издаваат препораки за членовите на Советите на ААВМУ и МРТ

мај 17, 2018

Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска се одржа четвртото продолжение на амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. Се дискутираше за 5-от амандман на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се бара да се избрише ставот од предложениот закон со кој се предвидува […]

ААВМУ ја одзеде дозволата на радиото „Слободна Македонија“

мај 17, 2018

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на својата денешна седница ја одзеде дозволата за емитување на радиото „Слободна Македонија“. Одлуката беше донесена едногласно, а по гласањето претседателот на Советот, Лазо Петрушевски, изрази жалење за вработените, кои како што рече, сигурно веќе подолго време се без работа. – Сепак, Советот нема друга […]

ААВМУ опомена 24 телевизии и радија

мај 11, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера изрече опомени за 24 радиодифузери – телевизии и радија – поради непочитување на обврската до 31 март годинава да достават писмен извештај за спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за радио и ТВ емитување, како и за недоставување информација за техничките средства преку кои се емитува […]

Медиумските закони денеска на собраниска комисија

мај 2, 2018

Во Комисијата за транспорт, врски и екологија во Собранието денеска ќе се расправа за предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, и двата во второ читање. Со законите се […]

Почна постапката за гаснење на Радио Слободна Македонија

април 27, 2018

Стручните служби на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (ААВМУ) по извршениот вонреден надзор на Радио Слободна Македонија констатирале дека оваа радиодифузна куќа повеќе не ги исполнува минималните кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување и му препорачуваат на директорот на ААВМУ да достави предлог до Советот на ААВМУ за покренување […]

ААВМУ ја опомена ТВ „Нова“ да емитува нова програма, а не репризи

април 24, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера презела две мерки против телевизијата „Нова“, како и против телевизијата „Шења“ и магазинот „Леона“. На телевизиите „Нова“ и „Шења“ им е изречена опомена поради необјавување импресум, а на магазинот „Леона“ опомена поради не објавени податоци за адресата на издавачот на медиумот, податоци за печатницата и датумот […]

ЕК: Има напредок во слободата на изразување, намален е притисокот врз новинарите

април 18, 2018

Климата за слободата на медиумите и слободата на изразување е подобрена, со поотворена политичка дебата и покритичко известување во медиумите. Забележан е пад во притисокот врз новинарите. Известувањето од изборните кампањи и поизбалансирано од порано. Владиното рекламирање е прекинато. Клучно е власта да практикува нулта толеранција кон сите инциденти на физички и вербални напади или […]

Со серија забелешки, законот за АВМУ следната недела оди на пленарка во Собранието

март 27, 2018

Потребни се повеќе пари за Македонската радио телевизија (МРТ) како јавен радиодифузен сервис, но и давање поголеми ингеренции за регулација и улога на предлагач на решенија на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за да се овозможат суштински медиумски реформи. За да не се предизвика големо нарушување на рекламниот пазар, пак, […]

Страна 1 од 2