fbpx

Зонското паркирање во Тетово се наплаќа подолго во споредба со другите градови

-

После 21 часот во Гостивар, Куманово и Скопје можете бесплатно да го паркирате возилото на местата за зонско паркирање. Но, во Тетово, ситуацијата е поинаква. Во овој град зонското паркирање важи до 23 часот. Во Тетово, исто така, нема олеснувања за сабота, споредено со споменатите градови, каде што во сабота се плаќа до 15 часот, а во недела паркирањето е бесплатно. Од Општина Тетово велат дека правилникот за зонско паркирање може да го промени општинскиот совет, пишува „Порталб.мк“.

Иако зонското паркирање во Тетово, Гостивар, Куманово и Скопје започна да се наплаќа речиси во ист период, правилата за негово користење со години наназад не се исти. Имено, зонското паркирање во Општина Тетово предвидува начини на негово користење што се поригорозни од другите градови.

Па така, платеното зонско паркирање во Гостивар и Куманово важи до 21 часот. Во сабота во Гостивар за место за паркинг се наплаќа до 15:00 часот, додека во Куманово платеното зонско паркирање за овој ден важи до 14:00 часот.

Наспроти ваквата состојба, граѓаните на Тетово за зонско паркирање во текот на целата година плаќаат до 23 часот, додека во сабота нема никакво олеснување.

Споредено со Скопје, единствената предност на Тетово е што цената за еден час паркирање е пониска. За разлика од Тетово, граѓаните на главниот град во сабота плаќаат за паркинг до 14 часот. Во зимскиот период, во центарот на Скопје во работните денови се наплаќа за паркинг до 21 часот.

На прашањето на „Порталб.мк“ за тоа зошто правилата за употреба на зонското паркирање во Тетово се построги отколку во другите градови, од Општина Тетово не дадоа јасен одговор. Сепак, според нив, работењето на претпријатието е одобрено од советот на општината, и истиот има право правилата да ги промени.

– Врз основа на законските акти, следствено на регулативата, донесена со одлука на советот, во актот за основање на ЈП „Градски паркинг“, предвидено е работно време на претпријатието. Само во зимскиот период времето е намалено за 2 часа. За промена на правилникот, општинскиот совет мора да донесе одлука, имајќи ја предвид финансиската профитабилност на претпријатието и спецификите на управувањето“, изјавија од Општина Тетово.

Тетово веќе неколку години се соочува со проблемот на недостаток на паркинзи. Во последните години бројот на возила во тетовскиот регион значително се зголеми, додека според податоците од јуни 2019 година, во градот има само 1.000 места за паркирање.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи на неколку наврати вети дека зонското паркирање во градот ќе се прошири. Таа го изјави истото и во интервју за „Порталб.мк“ во мај минатата година. Изградбата на четирите главни булевари во градот се сметаше како можно решение за олеснување на сообраќајот, но сепак ниту еден од нив не е целосно изграден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...