fbpx

Македонските и бугарските компании бараат гасно поврзување помеѓу Струмица и Петрич

-

Интерконекторот, меѓусистемска гасна врска Петрич-Струмица, е една голема визија, на поврзување помеѓу Македонија и Бугарија, но и на гасификација на целиот југоисточен регион на нашата земја, согласно националните стратегии и еден од стратешките приоритети на нашата држава, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на тркалезна маса за формирање на регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу двете држави во организација на Македонско – бугарската стопанска комора и Бугарско-македонската трговско индустриска палата.

Заев рече дека преку Национални енергетски ресурси се развива целосно националната гасоводна мрежа која што во моментот од Скопје е пуштена до Штип и до Клечовце и истовремено продолжува до Неготино, Кавадарци, Прилеп и Битола, додека вториот дел е поврзувањето од Скопје, до Тетово, Гостивар, а од следната година ќе продолжува кон Кичево.

„Целта е овој прстен целосно да го затвориме и во југоисточниот дел на државата да се изгради еден Интерконектор, кој ќе направи поврзаност на гасоводот со гасоводната мрежа која оди Софија-Грција, покрај Благоевград, Сандански и Петрич, каде што треба да донесеме гасоводен систем кон Струмица и струмичкиот регион, за да може да биде поврзана на националниот гасовод, но и за развој на системите за национална гасоводна мрежа“, објасни премиерот Заев.

За споредба, премиерот Заев го посочи потенцијалот на струмичката котлина, која само за извоз произведува раноградинарски земјоделски производи во вредност од 130 милиони евра. Со евтин енергенс, кој ќе придонесе тоа да се постигне за еден или два месеци порано, тоа значи голема конкурентност на тие земјоделски производи, сериозен потенцијал за профитабилност и одржлив развој на драгоцената дејност – производство на храна.

„Од лесната до тешката индустрија, целиот регион е сериозен потрошувач и потенцијал за користење на природниот гас. Во Струмица во моментот има приклучени на природен гас повеќе од 350 домаќинства, 17 фабрики, сите детски градинки, училишта, сите индустриски зони и гасоводната мрежата од 2010 година функционира одлично и тоа преку компресиран гас. Замислете колку би бил потенцијалот ако имаме гасоводна цевка“, компарираше премиерот Заев и додаде дека ваквиот проект е од стратешко национално значење бидејќи дава можност за втор извор на енергија и можност за поврзување со ТАП (Trans Adriatic Pipeline) и се обезбедува стабилен прилив на гас за Република Северна Македонија и за сите нејзини корисници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...