fbpx

ЗНМ бара нова истрага за смртта на Никола Младенов

-

„Македонските институции треба да формираат мешовита независна комисија, која ќе води нова истрага за да ги отфрли или потврди сомневањата во јавноста дека новинарот Никола Младенов не загинал во сообраќајна несреќа, туку дека врз него бил извршен атентат“, стои во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), објавено по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој се одбележува денеска.

„Уште еднаш, по којзнае кој пат, ќе ѝ повториме на власта дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена. Наместо слободни, имаме контролирани медиуми, кои наместо на јавноста, служат на интересите на владејачките партии и на сопствениците на медиумите, кои ги користат медиумите како средство за пропаганда и за зачувување на власта и за правење пари. Медиумите се жртвувани од одредени уредници и новинари, кои заради ситни интереси, газат врз новинарската етика и достоинство, претворајќи се во пропагандисти“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Од здружението велат дека состојбата со медиумите во земјата може да се подобри „ако постои политичка волја од власта“ и посочуваат пет чекори за остварување „радикална реформа на медиумскиот систем“ во земјата:

  • Македонските институции треба да формираат мешовита независна комисија, која ќе води нова истрага за да ги отфрли или потврди сомневањата во јавноста дека новинарот Никола Младенов не загинал во сообраќајна несреќа, туку дека врз него бил извршен атентат;
  • Врховниот суд да ја укине пресудата на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски, осуден со две и пол години затвор за наводно откривање заштитен сведок;
  • Врховниот суд треба да ја укине и пресудата на Апелација, со која новинарите на „Фокус“, Јадарнка Костова и Владо Апосотолов, им е наложено да исплатат околу 9.000 евра како нематеријална штета и судски и други трошоци, за наводна клевета на директорот на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков;
  • Јавното обвинителство треба да го повлече обвинението против новинарот Зоран Божиновски за наводна шпионажа, која за нас е неоснована;
  • Сите владини кампањи да бидат запрени на неодредено време, сè додека не се најде решение за трошењето јавни пари во медиуми;
  • Владата да обезбеди одржлив извор на финансирање на МРТ и да ги департизира и деполитизира управните органи;
  • Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се департизира и деполитизира и да се обезбеди независноста на медиумскиот регулатор, кој ќе биде во можност да креира политики и амбиент за слободни и независни медиуми.
  • Власта да престане со орекстрирана хајка против новинари што ја критикуваат нејзината политика.

„Убедени сме дека без справување со овие предизвици со слободата на изразувањето и слободата на медиумите, Македонија нема да излезе од политичката криза и нема да се интегрира во ЕУ и во НАТО. Најголемата одговорност за последиците од нерешавање на овие проблеми ќе биде на Владата“, стои во соопштението на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...