fbpx

Знамињата во Струга не се на половина копје

-

Знамињата на јарболот на зградата на Општина Струга ниту вчера, ниту денеска не се спуштени на половина копје во знак на жалост и сочувство за загинатите припадници на МВР.

Владата на Република Македонија вчерашниот и денешниот ден ги прогласи за денови на жалост поради загинувањето на осумте припадници на безбедносните сили во пресметката со терористичката група во Куманово.

Ова не е првпат да не се почитуваат правилата, прописите и законите во Струга.

Општината досега неколкупати не го истакнуваше државното знаме за знајчани државни празници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.