fbpx

Жбогар: Извештајот на УНЕСКО треба да биде најсилен аларм кој ќе ги разбуди институтициите

-

Евроамбасадорот Самуел Жбогар од Охрид ја започна промоцијата на новата еколошка кампања именувана како „За чисто како дома исто“, која има за цел преку поддршка на еко-активизмот да ја подигне свеста кај граѓаните, но и кај локалните власти за заштита на животната средина и поголема јавна чистота.

Евроамбасадарот истакна дека не е случајно што кампањата стартува од Охрид, бидејќи токму на Охрид како културно и природно подрачје заштитено од УНЕСКО му недостига индивидуална и колективна одговорност токму кон зачувување на животната средина.

„Една кампања не може да апсолвира вака голем проблем и долгогодишното занемарување на прашањата кои се однесуваат на заштита на животната средина, но може да помогнеме да се чуе гласот на добрите луѓе кои водат грижа. Ќе работиме со градоначалниците и ќе ги охрабруваме да бидат поактивни во поддршката кон активистите и организирање на акции за чистење на општините. Една од општините која може да послужи како пример на останатите градоначалници е Општина Струмица“, истакна Жбогар.

Во рамки на кампањата „За чисто како дома исто“ евроамбасадорот Жбогар во Охрид се сретна со активисти од регионот со кои разговараше за еколошките проблеми и кажа дека целта на оваа кампања е токму поддршка на таканаречените херои од соседството кои ја започнаа промената.

Прашан за последниот извештај на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој содржи сериозни забелешки за заштитата на универзалните вредности на Охридскиот регион, поради што тој би можел да се најде на листата на загрозени подрачја, Жбогар рече дека не може да коментира извештај на УНЕСКО, но смета дека истиот треба да биде сфатен како најголем можен аларм.

„Ова треба да ги разбуди сите надлежни институции да преземат итни мерки со кои ќе запре деградацијата на културното и природно наследство на Охрид. Ќе биде штета за државата и граѓаните доколку Охрид го загуби статусот на заштитено светско наследство од УНЕСКО. Затоа сите треба да се обединат и да се направи се што е потребно, односно се што бара УНЕСКО за Охрид да остане на глобалната листа на места со значајни природни и културни вредности“ – порача Жбогар.

Инаку, активностите од кампањата која ќе се реализира во осум градови под брендот „ЕУ за тебе“, ќе траат до 19 јуни. Притоа, граѓаните можат да се регистрираат како екоактивисти и да учествуваат во акциите за чистење кои ќе се спроведат во нивните градови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...